Дома Фудбал Италија Гатузо за гостувањето кај аутсајдерот во Луксембург нема да смета на четворица

Гатузо за гостувањето кај аутсајдерот во Луксембург нема да смета на четворица

gatuso

Џенаро Гатузо не ќе може да смета на четворица играчи во првиот натпревар од Лигата на Европа.

„Росонерите“ Лигата на Европа ја започнуваат во Луксембург каде што гостуваат на најпријатното изненадување во квалификациите, екипата на Дуделаж.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот не екипата од „Сан Сиро“ за оваа средба не ќе може да смета на Патрик Кутроне, Мусакио, Сусо и Боновентура.

Кога во прашање е Кутроне тој во главно влегува од клупата за резерви, предност има Игуаин, но се очекуваше дека младиот Италијанец ќе добие повеќе простор во Лигата на Европа.

Сепак повредата која ја заработи во настапот за младинската селекција на Италија е причина што не се најде на списокот на „росонерите“ за утрешниот натпревар.

Милан во групата во Лига Европа освен со Дуделаж ќе игра уште против Реал Бетис и Олимпијакос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…