Дома Фудбал Италија Газдата на Салернитана порачува: Ако Јувентус сака ќе го преиграме натпреварот

Газдата на Салернитана порачува: Ако Јувентус сака ќе го преиграме натпреварот

Големи контроверзии во Италија предизвика натпреварот помеѓу Јувентус и Салернитана поради поништениот гол на „старата дама“ во самиот финиш од натпреварот за 3:2.

На никој не му е јасно како во ВАР собата не го забележаа Кандрева кај корнер знаменцето и го викнаа главниот судија да ја погледне ситуација со снимка на која Кандрева не се гледаше, па тој го поништи голот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Јувентус разбирливо се бесни, поради протестите за тој поништен гол црвен картон заработија Алегри и Квардадо, а претходно поради соблекување дрес исклучен беше Милик со втор жолт картон.

Првиот човек на Салернитана сега во јавноста излезе со изненадувачка изјава во која порачува дека прифаќа да го преиграат натпреварот со Јувентус.

„Ако сака Јувентус ќе го преиграме натпреварот, ние немаме проблем“, изјави Лерволино.

Меѓутоа, сепак тешко е да се верува дека Серија А сериозно ќе ја разгледува можноста за преигрување на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…