Oд Лацио денес објавија дека нивниот претседател Клаудио Лотито ќе поднесе тужба против „Газета дело Спорт“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Газета дело Спорт“ денес објави дека Лотито се соочил со дисциплинска постапка поради изјава за натпреварот помеѓу Јувентус и Интер кој се одигра пред прекинот на првенството поради пандемијата.
Лотито испрати порака до овој медиум преку објавено официјално соопштение на клупската страна на Лацио и најави тужба.
„Клаудио Лотито е информиран за денешниот текст на „Газета дело Спорт“ чиј автор е Себастијано Вернаца. Тој текст клевета. Слободата на информирање не дозвлува расипување на нечиј углед. Кога медиумот се користи како средство за ширење лаги мора да се казни. Заото Клаудио Лотито им нареди на своите адвокати да одогворат на споменатиот текст со тужба“, стои во соопштението.