Дома Фудбал Англија Вчера бил одржан состанок: Јунајтед донел одлука за иднината на Солскјер!

Вчера бил одржан состанок: Јунајтед донел одлука за иднината на Солскјер!

Раководството на Манчестер Јунајтед му дало целосна доверба на Оле Гунар Солскјер.

Иако под водство на норвешкиот стратег „црвените ѓаволи“ не блескаат, тој ја има поддршката на управата на клубот на чело со Ед Вудворд.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Скај Спорт“ пренесува дека бил одржан состанок со раководството на клубот и на тој состанок била искажана целосна доверба во Солскјер кој ќе продолжи со работата.

Јунајтед во овој момент е петти тим во Премиер лигата. Но, од 14. позиција на која е Њукасл ги делат само четири бода, па доколку тимот не ја поправи формата многу лесно може да падне на табелата.

Незадоволството на навивачите е огромно, а тоа го покажа и сликата од вчерашниот натпревар против Барнли – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…