Дома Останати Вујовиќ: Балканот го има најдобриот ракомет, на Швеѓаните им недостига квалитетен стратег

Вујовиќ: Балканот го има најдобриот ракомет, на Швеѓаните им недостига квалитетен стратег

Предводникот на репрезентацијата на Словенија на претстојното ЕП, Веселин Вујовиќ во своето последно излагање истакна дека на Балканот се игра најубавиот ракомет, но не заборави да ги спомене и квалитетните Шведска, Германија и Франција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Вујо додава дека една репрезентација како Шведска е во криза, и тоа токму поради недостаток на стратегија и квалитетни предводници.

„Тврдам дека најубавиот, најквалитетен и најдобар ракомет се игра на Балканот, тоа е факт. Нашиот основен проблем е масовноста, во Шведска во секој град илјадници деца тренираат ракомет, но немаат квалитетни тренери од коишто можат да научат. Секако и во таква ситуација од илјада деца, тренерите ја намалуваат бројката и сето тоа без некое тренерско влијание. Тоа трае со години, додека ние мораме од редуцирана просечност да бараме таленти, да работиме и да ги унапредиме. Кога Швеѓаните останаа без генерацијата на Ловгрен, Висландер и Олсон, се покажа дека немале стратегија или цел, а сосема спротивна е ситуацијата во Германија и Франција каде поинаку се работи со младите“, истакна Вујовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонија може да биде домаќин на ЕП во ракомет – поднесена е заедничка кандидатура со Словенија и Србија!

Македонија, Србија и Словенија влегуваат во заедничка трка за домаќинство на машкото Европ…