Голден Стејт изминатата ноќ славеше против Оклахома со 110:98 и така дојде до деветтиот триумф во низа во НБА лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клеј Томпсон ги предводеше гостите со 21 поен. Стивен Кари беше блиску до трипл-дабл, му недостасуваше само еден скок (18 поени, 10 асистенции и 9 скока). Џонатан Куминга додаде 16 поени.
На табелата на Западот Голден Стејт е втор со 41 победа и 13 порази, додека Оклахома е претпоследна.
Феникс дојде до победа со Чикаго од 127:124. Стануваше јасно кој ќе победи уште во третата четвртина кога водеа со 88:61. Чикаго во финишот сепак успеа да го ублажи поразот. Девин Букер постигна 38 поени, а додаде уште пет асистенции и четири скока. Со ова тој ја помина границата од 30 поени на три од последните четири натпревари.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Торонто 101-116
Вашингтон – Мајами 100-121
Чикаго – Феникс 124-127
Оклахома – Голден Стејт 98-110
Јута – Њујорк 113-104