Дома Фудбал Во ПСЖ никој не се радува на победата, а причината е повредата на Мбапе

Во ПСЖ никој не се радува на победата, а причината е повредата на Мбапе

Фудбалерите на ПСЖ синоќа на домашен терен го победија Тулуз со 4:0 во француското првенство, но во ист момент останаа без Килијан Мбапе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличниот млад напаѓач се повреди во второто полувреме и мораше да ја напушти играта.

На негово место во 66. минута влезе Загра. За сега медиумите од Франција јавуваат дека ја повредил задната ложа, но сепак треба да почекаме на официјални информации.

Да потсетиме дека Парижаните веќе некое време играат без Бразилецот Нејмар кој се повреди пред почетокот на Копа Америка, а во прашање е повреда на зглобот.

Светците сега се надеваат дека повредата на Мбапе не е тешка и дека ќе биде спремен за натпреварите во ЛШ кои почнуваат наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уништува сè пред себе: Инфантино донесе одлука која ќе го разбесни светот на фудбалот

Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино најави дека паузите з…