Дома Фудбал Останато Во Париз го подготвија дресот на Нејмар: Навивачите можат да го купат во фан шоп (Фото)

Во Париз го подготвија дресот на Нејмар: Навивачите можат да го купат во фан шоп (Фото)

Најголемата трансфер сага ова лето околу преминувањето на Нејмар од Барселона во редовите на ПСЖ се ближи кон крајот.

Барселона денес и официјално потврди дека Нејмар повеќе не е играч на овој клуб бидејќи одлучил сам да го откупи својот договор за 222 милиони евра по што Ла Лига не ја прифати понудата на ПСЖ. Нејмар моментално се наоѓа во Порто каде треба да ги мине лекарските прегледи и да потпише за францускиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Официјалното претставување на Нејмар би требало да се случи пред Ајфеловата кула во Париз во следните денови. Во главниот град на Франција владее голема еуфорија, а дресовите со името на Нејмар веќе можат да се најдат во продажба. Како што стојат работите Бразилецот во новиот тим ќе ја задржи својата десетка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…