Милан синоќа загуби на гостувањето во Сампдорија со 1:0, со голот кој дојде после кардиналната грешка на голманот Донарума.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Со овој пораз „росонерите“ си ја искомплицираа позицијата за пласман во Топ 4, иако се уште се на четвртото место на табелата.
Сепак, после мечот од таборот на Милан како главен виновник за поразот го посочија судијата Орсато, кој според нив не досудил чист пенал во 90-та минута.
Дефанзивецот на Сампдорија стартуваше над Пјонтек во казнетиот простор, но според судијата немаше елементи за пенал.
Меѓутоа, „росонерите“ тврдат дека домашниот фудбалер не ја допрел туката и директно стартувал над нивиот напаѓач. Видете и проценете сами!
https://youtu.be/3sWbw1Tfp4w