Дома Фудбал Останато Во Марсеј убедени: Најдоброто од Балотели допрва доаѓа

Во Марсеј убедени: Најдоброто од Балотели допрва доаѓа

Малку недостасуваше Марио Балотели да стане член на Марсеј уште летот, но работата се искомлицира, па Италијанецот овој јануари се пресели на „Велодром“.

Балотели успеа да постигне погодок на своето деби за Марсеј, но тоа не беше доволно за поволен резултат бидејќи неговиот тим загуби од Лил со 2:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претедателот на Марсеј Џек-Анри Ејруд смета дека најдобро од Балотели допрва следува.

„Среќен сум поради Балотели и неговото доаѓање, тој е играч кој го чекав и кој го посакував во Марсеј и јас не бев единствен. Многу сум среќен поради неговото доаѓање, перфектно се вклопи во тимот. Постигна погодок во првите минути поминати на теренот“.

„Тоа беше одлична сатисфакција за него, но и за нас и за навивачите на Марсеј. Мислам дека најдоброто од него допрва доаѓа“, изјави Ејруд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…