Дома Фудбал Во Манчестер Јунајтед ја избрале новата „седмица“

Во Манчестер Јунајтед ја избрале новата „седмица“

Манчестер Јунајтед е спремен да именува нова „седмица“ во првиот тим.

Според пишувањето на англиските медиуми, тоа ќе биде Аргентинецот, Алехандро Гарначо кој сега го носи дресот со број 49. На „Олд Трафорд“ „седмицата“ се смета за број со големо значење, а Гарначо би бил првиот тинејџер по Роналдо во 2003 година кој би ја носел.

Ерик Тен Хаг верува во него , иако шанса му дава од клупата. Но, Гарначо во април потпиша петгодишен договор и тоа е јасен знак дека лубот сериозно смета на него во иднина.

Освен Роналдо, „седмицата“ во Јунајтед претходно ја носеа: Мајкл Овен, Анхел Ди Марија, Мемфис Депај, Антонио Валенсија и Едисон Кавани.

Гарначо во Јунајтед стигна 2020 година како шестгодишник од Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Кен Фагерберг на 37 години, поранешниот млад репрезентативец на Шведска

Семејството ја потврди смртта на поранешниот напаѓач на Митјиланд, кој последните години ж…