Италијанскиот фудбалски куп ќе го промени форматот на натпреварување и во него од следната сезона ќе настапуваат само екипи од Серија А и Серија Б.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во натпреварувањето до сега во воведната фаза можеа да настапуваат и екипи кои се натпреваруваат во третиот и четвртиот ранг од италијанскиот фудбал, но од следната сезона тоа нема да биде случај.
Според она што се пишува во италијанските медиуми до промена доаѓа за натпреварувањето да биде повеќе примамливо за носителите на права на телевизиските преноси.
Сезонава во италијанскиот куп ниту една екипа која се натпреварува под Серија Б не го помина третото коло. Финалето се игра на 19. мај и во него ќе се сретнат Јувентус и Аталанта.