Дома Фудбал Италија Во Италија шпекулираат: Манчини од лето во Милан!?

Во Италија шпекулираат: Манчини од лето во Милан!?

Италијанските медиуми тврдат дека новите сопственици на Милан ја разгледуваат можноста да го постават Роберто Манчини за тренер следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кинескиот конзорциум, „Сино-Јуроп Спортс“ до крајот на месецот ќе го комплетира купувањето на Милан и ќе постави нова директорска структура.

Како генерален директор ќе биде поставен Марко Фасоне, додека за спортски директор ќе биде именувам Масимилиано Мирабели, луѓе кои се многу блиски до тренерот Роберто Манчини.

Од таму „Кориере дело Спорт“ денес шпекулира дека новото раководство би можело да го отпушти Монтела и на негово место да го донесе Манчини кој моментално е без клуб.

Оваа информација е зачудувачка со оглед на фактот дека Монтела извршува одлична работа на „Сан Сиро“ и е миленик на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пожарите го одложија дебито на Левандовски за новиот клуб

Дебитантскиот настап на Роберт Левандовски за Чикаго Фајр мораше да биде одложен. Натпрева…