Дома Фудбал Репрезентации Во Барселона бесни: Зошто Гави мораше да игра?!

Во Барселона бесни: Зошто Гави мораше да игра?!

Шпанија вчера ја победи Грузија со 3:1 во натпревар кој немаше резултатско значење, но на оваа средба тешка повреда заработи младиот Гави.

Во однос на претходниот натпревар против Кипар дури деветмина добија одмор, но Гави беше на теренот. Селекторот Де Ла Фуенти изјави дека Гави е во одлична кондиција и затоа ќе истрча против Грузија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, во Барселона менаџментот и стручниот штаб не разбираат зошто Гави мораше да биде стартер кога можеше да добие одмор со оглед на густиот распоред во текот на сезоната.

Најважниот фактор за повредата на Гави можеби е тоа што две минути пред да се повреди, противнички фудбалер жестоко стартуваше врз неговото колено.

Поради оваа повреда Гави сигурно нема да игра до крајот на сезоната и на Европското првенство, а не е исклучена можноста да не биде во комбинација и на стартот од новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арсенал спреми 80 милиони за Исак

Њукасл би можел да биде принуден да се раздели со ѕвездата Александер Исак за да го покрие…