Тренерот на Марсеј, Виљас-Боаш ја заштити дефанзивната тактика со која излезе на мечот против Манчестер Сити синоќа во Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Марсеј беше поразен со 3:0 на домашен терен, па португалскиот стратег беше остро критикуван за начинот на игра.
„Не жалам за тактиката против Сити. Вие ме критикувате за секој мој избор. Но, како да играме против тим како Сити, кој потрошил повеќе од 1 милијарда за засилувања?“
„Имаат тренер кој е феномен. За жал Марсеј нема пари да го донесе Гвардиола, па затоа го има Виљас-Боаш и неговата тактика“, изјави Португалецот.