Дома Фудбал Германија Витсел: Трансферот во Дортмунд беше најдобриот потег во кариерата!

Витсел: Трансферот во Дортмунд беше најдобриот потег во кариерата!

Белгискиот репрезентативец Аксел Витсел ова лето реши да ги остави кинеските милиони и кариерата да ја продолжи во Европа, па се пресели во Борусија Дортмунд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Витсел фантастично ја започна својата авантура во Дортмунд и тврди дека тоа било најдобриот потег кој го направил во кариерата.

„Трансферот во Борисија беше најдобрата одлука во мојата кариера. Никогаш претходно не сум играл во тим со толку добри играчи. Исто така Дортмунд е идеално место за мене и моето семејство“, истакна Витсел.

„Добро ја отворивме сезоната и остваривме голема победа против Баерн, но рано е да зборуваме за титулата. Треба да го задржиме континуитетот и да работиме уште посилно“, додаде Белгиецот.

Висетл оваа сезона има 17 настапи во Бундеслигата на кои постигна 3 гола. Претходно играше уште за Стандард, Бенфика, Зенит и Тијанжин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Иранската репрезентација остави емоционална порака во соблекувалната во Лос Анџелес

ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Иран се збогува со Лос Анџелес со рачно напишана порака, во …