Дома Фудбал Винисиус со еден потег го изнервира Зидан и соиграчите

Винисиус со еден потег го изнервира Зидан и соиграчите

Младата бразилска ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор направи испад на последниот тренинг и силно го изнервира тренерот Зидан, но и соиграчите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познатиот шпански новинар, Едуардно Инда отркива дека Винисиус не сакал да тренира после мечот со Гетафе заедно со фудбалерите кои не настапија на овој натпревар. Со тоа Бразилецот силно ги изнервирал сите во клубот, а најмногу тренерот Зидан.

„За него зборува целата соблекувална. Сите ги изнервира откако одби да тренира со играчите кои не играа против Герафе. Успеа да го изнервира дури и Зидан“, открива Инда.

Новинарот откри дека Бразилецот тренирал само неколку минути, па го напуштил тренингот.

„Успеаа да го наговорат да дојде на тренинг. Меѓутоа, одработи неколку спринтови и си замина“.

Винисиус оваа сезона настапи на 16 натпревари на кои постигна два гола и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреља ќе игра за Реал ама го избра Меси пред Модриќ (Видео)

Марк Кукуреља (27) е лев бек на шпанската репрезентација и на Реал. Официјално беше објаве…