Дома Фудбал Винисиус со голот против Барселона го сруши рекордот на Меси од 2007 година

Винисиус со голот против Барселона го сруши рекордот на Меси од 2007 година

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера на свој терен ја победија Барселона со 2:0 во рамките од 26. коло во Ла Лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Кралевите“ во второто полувреме го решија прашањето на победникот со головите на Винисиус Жуниор и Маријано Диаз и така се врати на првото место во Шпанија.

Одлучувачкиот момент се случи во 71. минута кога Винисиус Жуниор со помош на Пике ја затресе мрежата на Барселона за 1:0. Бразилецот со овој гол го сруши рекордот на Лионел Меси и стана најмладиот играч во 21. век кој успеал да постигне гол во „Ел Класико“.

Меси го држеше овој рекорд од март 2007 година кога во „Ел Класико“ постигна хет-трик, но сега Винисиус го превзема овој рекорд бидејќи беше 26 дена помлад отколку Меси пред 13 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…