Дома Тенис Виландер рече дека Федерер нема ма*иња, па потоа му се извини

Виландер рече дека Федерер нема ма*иња, па потоа му се извини

Седумкратниот освојувач на Гренд слем шампион и ТВ-аналитичар, Матс Виландер, мораше да му се извини на Роџер Федерер, поради неговите „несмасни“ коментари.

Виландер во последно време често го критикуваше Швајцарецот, а пред неколку недели рече дека нема ма*иња, заради одлуката да не настапи на Ролан Гарос.

„Му се извинив за тој израз. Денеска во многу спортови недосатсуваат шампиони кои имаат срце и ма*иња. Потоа реков дека Федерер би можел да има срце и ма*иња, но секогаш му се смалувале на мимимум против Рафаел Надал. Тоа беше кога редовно губеше на земја од него, но никогаш ништо не се обиде. Роже Федерер не е совршен. Тој го знае тоа и ние го знаеме тоа“, изјави Виландер.

„Го почитувам Федерер повеќе од било кои друг тенисер. Затоа и најмногу го критикувам. Очекувам повеќе од него и она што најмногу сакам да го видам е како го победува Надал во Париз, во меч од пет сета“, додаде Виландер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Евлоев запрен во втората рунда, Пеце со македонско знаме го прегрна успехот на синот

Александар Волкановски го задржа шампионскиот појас со технички нокаут во Абу Даби. Во сла…