Тренерот на Валенсија, Марселињо нема по добро да го памети крајот на 2017 година, иако оваа сезона остварува одлични резултати со „лилјаците“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Годината ја заврши со пораз во локалното дерби против Виљареал, сепак тоа не беше најлошото што му се случи на Марселињо овој викенд.
Шпанскиот стратег утрово од Валенсија тргнал со својот автомобил во Астурија, родниот крај каде што живее неговото семејство. На патот низ Баскија, од Логроња до Билбао имаше сообраќајна незгода откако на патот му се испречи дива свиња!
Сударот бил неизбежен па шпанскиот тренер заврши во болница на лекарски прегледи и санирање на полесните повреди.
Од клубот соопштија дека се е во ред со Марселињо и дека е отпуштен од болница.