Дома Фудбал Видео: Јунајтед загуби, а цел свет зборува за ова промашување!

Видео: Јунајтед загуби, а цел свет зборува за ова промашување!

Манчестер Јунајтед со подмладен состав загуби на гостувањето кај Астана со 2:1, иако на полувреме имаше предност.

„Црвените ѓаволи“ рано дојдоа до водство со голот на Џеси Лингард, а потоа имаа и неколку убави шанси да ја дуплираат предноста, но не ги искористија.

Домаќините во вториот дел успеаа да направат комплетен пресврт со головите на Шомко кој погоди во 55-та минута, и автоголот на Дишон Бернард.

Сепак, натпреварот го одбележа неверојатното промашување на младата ѕвезда на Јунајтед,  Тахит Чонг кој не успеа да ја смести топката во празна мрежа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси е на 936 гола, а неговиот тренер е убеден: Ќе стигне до 1.000!

На Лионел Меси му недостигаат уште 64 гола до неверојатната граница. Кристијан Гонзалес ве…