Ефикасна и возбудлива ноќ во Лигата на шампиони. На дербито во Лондон беа видени девет гола, седум во мрежата на Тотенхем.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Баерн Минхен буквално го прегази Тотенхем во Лондон со 2:7, а свое шоу имаше Гнабри, кој постигна дури четири гола.
Тотенхем прв дојде до водство од 1:0 уште во 12-та минута со голот на Сон. Само три минути подоцна израмни Кимих, а пред самиот крај на првиот дел следуваше ремек дело на Левандосвки.
Во второто полувреме Баерн дојде до високо водство со два брзи гола на Гнабри, а надежта на домаќините ја врати Кејн кој намалу на 2:4.
Но, Баварците немаа милост и до врв ја наполнија мрежата на „спарси“. Гнабри постигна уште два гола и имаше ноќ за памтење, а уште еден гол постигна и Левандовски.
Во истата групата Црвена Звезда оствари голема победа против Олимпијакос од 3:1, иако домаќините имаа негатива на полувреме.
Јувентус и Атлетико Мадрид остварија рутински победи против Баер Леверкузен, односно Локомотив Москва. „Бјанконерите“ беа поубедливи со головите на Игуаин, Бернардески и Роналдо. Победата на „јорганџиите“ пак му ја донесоа Феликс и Томас.
Манчестер Сити потешко од очекуавњата го совлада Динамо Загреб со 2:0, додека ПСЖ го победи Галатасарај во Истанбул со првенецот на Мауро Икарди.
Le 1er but de Mauro Icardi avec le PSG ⚽? #GALPSG #GSPSG pic.twitter.com/4O7PBG0hvo
— Yohan Roblin (@yohanroblin) October 1, 2019