Дома Останати ВИДЕО: Ѓоковиќ за малку ќе беше дисквалификуван од Ролан Гарос

ВИДЕО: Ѓоковиќ за малку ќе беше дисквалификуван од Ролан Гарос

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ вчера во првото коло од Роланд Гарос го победи Бразилеот Рожерио Дутра да Силва.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ одигра рутински натпревар кој му обезбеди пласман во вториот круг, но „Еуроспорт“ пишува дека многу лесно вчера можеше да биде дисквалификуван.

Имено, тој во еден момент од третиот сет се изнервира по еден поен и топката со рекетот ја удри кон столот каде што седеше тенисерот. Како што пренесува споменатиот извор, со топката да удреше некого, Новак би бил дисквалификуван.

Иако публиката го исвирка Ѓоковиќ, сепак српскиот тенисер се извини и на крајот се заврши добро. Потсетуваме, Ноле утре во второто коло ќе игра против Шпанецот Мунар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Призна и Надал: Ѓоковиќ е најдобар во историјата (Видео)

Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал проговори за важноста на бројките кога станува зб…