Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Тренерот на Спортинг го насмеа целиот свет, погледнете како му дофрлуваше на Меси

Видео: Тренерот на Спортинг го насмеа целиот свет, погледнете како му дофрлуваше на Меси

hesus messi

Барселона во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите на свој терен го совлада Спортинг со 2:0 и така како прволасирана се пласираше во нокаут фазата.

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде малку го одмараше Лео Меси кој во игра влезе во 61 минута од средбата. Спортинг после овој пораз остана на третото место и ќе го продолжи натпреварувањето во Лигата на Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренер на Спортинг, Хесус, човекот кој стана познат по водењето на Бенфика, а неговата реакција во вчерашниот натпревар го воодушеви целиот свет.

Хесус прво при влегувањето на Меси покрај аут линијата нешто му дофрлаше на Аргентинецот, а после натпреварот сакаше и да го поздрави, но како премногу да се опушти и довикуваше: „Мали, мали“. Меси на почетокот го игнорираше, но потоа се поздрави.

„При влегувањето на теренот му дофрлив: „Полека, немој нас да не убиеш“. Меси не е само голем фудбалер, тој е и голем господи. Екипата која го има него едноставно е поблиску до победата“, изјави Хесус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…