Дома Останати Кошарка НБА Видео: Тесна победа на Кливленд, Њујорк го изненади Бостон

Видео: Тесна победа на Кливленд, Њујорк го изненади Бостон

Леброн Џејмс го предводеше Кливленд во победата над Чикаго, Њујорк го изненади Бостон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вицешампионот во тесен натпревар славеше со 115-112. Гостите имаа два шута за израмнување во последните секунди но не погодија, па Кливленд на крајот се радуваше на победа.

Леброн Џејмс беше прв играч на натпреварот со 34 поени, 6 скокови и 9 асистенции. Одлична вечер имаше и Кевин Лав, кој забележа 27 поени и 7 скокови. Во редовите на Чикаго, најдобар стрелец беше Лаури Марканен со 25 поени.

Резервниот кошаркар на Њујорк Никс, Мајкл Бизли се покажа како нерешлива енигма во натпреварот против тимот на Бостон Селтикс. Тој за само 24 минути на паркетот успеа да уфрли со 32 поени и 12 скокови и да му донесе победа на тимот од 102:93. Кај Селтикси најдобар беше Кајри Ирвинг кој даде 32 поени.

Резултати:
Кливленд – Чикаго 115:112
Филаделфија – Торонто 109:114
Њујорк – Бостон 102:93
Феникс – Мемфис 97:95
Јута – Сан Антонио 100:89

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…