Тотенхем во овие моменти гостува кај ПСВ во рамките од третото коло во Лигата на шампионите.
Стигна до водство ПСВ со голот на Ирвинг Лозано во 29-тата минута (тука), а пет минути подоцна Девисон Санчез ја погоди мрежата на домаќинот.
Но, главниот судија после сигнализација од помошникот го поништува голот поради наводен офсајд на Хари Кејн. Меѓутоа, Кејн не беше во офсајд, а и да беше дефинитивно не му пречеше на голманот на ПСВ.
„Петлите“ четири минути подоцна сепак успеаа да стигнат до изедначување