Дома Останати Кошарка Видео: Сан Антонио го декласира шампионот, 37-ми трипл-дабл за Вестбрук!

Видео: Сан Антонио го декласира шампионот, 37-ми трипл-дабл за Вестбрук!

Актуелниот шампион во НБА лигата Кливелнд доживеа дебакл во Сан Антонио и ја загуби првата позиција во Источната конференција. На другиот крај од Тексас, во Далас, Расел Вестбрук со 37-от трипл дабл, речиси сам го победи домаќинот.

Сан Антонио го декласира Кливленд 103:74. Актуелните шампиони имаат скор 47 победи и 26 порази и првата позција на Истокот му ја препуштија на Бостон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Домаќините до победата го предводеше Каваи Ленард со 25 поени, по 6 скока и асистенции и 3 украдени топки, додека центрите Ламаркус Олдриџ и Пау Гасол постигнаа по 14 поени.Спарси имаат скор од 56 победи и 16 порази и се втори на Западот и воопшто во лигата.

Кај Кливленд потфрли целиот тим, а амо двајца постигнаа двоцифрен број на поени: Леброн Џејмс 17 и Тристан Томпсон 11.

Расел Вестбрук го запиша 37-от сезонски трипл-дабл, откако во последните три и пол мунути, во Далас, сам ја надомести негативата на Оклахома од 13 поени. На Вестбрук му се потребни уште четири трипл дабл учиноци за да се израмни на вечната листа со Оскар Робертсон.

Далас на три и пол минути до крајот имаше предност 91:78, а потоа на сцена стапи Рас кој постигна 12 од последните 14 поени на својот тим за триумф 91:92.Тој мечот го заврши со 37 поени, 13 скокови и 10 асистенции.

На останатите натпревари, Њујорк го победи Детроит 109:95, Торонто го декласира Орландо 131:112, Сакраменто изненади со победата над Мемфис 91:90, а Јута славеше против Њу Орлеанс 108:100.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Просинечки доби тешка задача: Требаше да го избере најдобриот екс-ју фудбалер во историјата

Роберт Просинечки пред три месеци стана селектор на црногорската фудбалска репрезентација.…