Дома Фудбал Италија Видео: „Росонерите“ преку пенал серијата закажаа финале против Јувентус

Видео: „Росонерите“ преку пенал серијата закажаа финале против Јувентус

Реванш натпреварот од полуфиналето во италијанскиот куп денес во терминот 20:45 го одиграа екипите на Лацио и Милан.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Како и на „Сан Сиро“ и во Рим натпреварот заврши без погодоци 0:0.

И Лацио и Милан на оваа средба како да не сакаа да ризикуваат, па не тргнуваа со сите сили кон голот на противникот.

Голема прилика во регуларните 90 минути практично и да немаше и на двете страни видовме по некоја закана.

Најголемата шанса за победникот да биде решен пред изведувањето на пенали ја имаше Милан и тоа преку Хрватот Калиниќ кој во 120 минута излезе еден на еден со голманот на Лацио.

Калиниќ во оваа прилика шутираше над голот, па потоа се пристапи кон изведувањето на пенали.

Во пенал серијата своја вечер имаа и двата голмани промашуваа: Родригез за Милан, Савиќ за Лацио, Монтоливо на другата страна, па Леива повторно за Лацио…На крајот Милан во пенал рулетот беше подобар со 4:5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трамп: Во ред е репрезентацијата на Иран да игра на Светското првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите изјави дека е “во р…