Избраниците на Лопетеги го запишаа првиот кикс во новата сезона откако одиграа само 1:1 на гостувањето кај Атлетик Билбао.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После неколкуте спорадични шанси резултатот го отвори Муниаин во 32-та минута. Само неколку минути подоцна младиот голман Симон го одбрани ударот од дистанца на Модриќ.
Во второто полувреме Реал Мадрид со сите сили се обиде да дојде до победата. Конечно голманот на Билбао беше совладан во 64-та минута кога Иско погоди за 1:1 по фантастичната асистенција на Герет Бејл.
За „кралевите“ ова е прв натпревар без победа, па сега заостанува два бода зад најголемиот ривал Барселона.