Дома Фудбал Останато Видео: ПСЖ победи, Нејмар двоен стрелец, Кавани најдобар стрелец во историјата на „светците“

Видео: ПСЖ победи, Нејмар двоен стрелец, Кавани најдобар стрелец во историјата на „светците“

neymar

ПСЖ денес во рамките од 23 коло во француската Лига 1 им се врати на победите по поразот од Лион во минатиот викенд.

Клубот од Париз во натпреварот со почеток од 17:00 часот играше против Монпеље на свој терен, а на крајот славеше победа од 4:0.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Едисон Кавани го отвори натпреварот со погодокот во 11 минута. За Кавани ова беше 157 погодок во француската Лига 1 и со тоа стана најдобриот стрелец во историјата на овој клуб надминувајќи го Златан Ибрахимовиќ.

Нов погодок во мрежата на Монпеље постигна Нејмар на пет минути пред крајот на првиот дел со удар од белата точка.

Во вториот дел ПСЖ продолжи со добрата игра и постигна два погодоци. Анхел Ди Марија зголеми на 3:0 во 70 минута, а Нејмар со својот втор гол на натпреварот ги постави конечните 4:0.

„Светците“ се зацврстуваат на првата позиција со 11 бодови предност во однос на Лион, но „лавовите“ имаат и натпревар помалку.




Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…