Дома Останати Кошарка Видео: Портланд загуби, кој ќе оди во плеј-оф од Западот!?

Видео: Портланд загуби, кој ќе оди во плеј-оф од Западот!?

Минесота го победи Портланд 110:109 во единствениот натпревар кој се одигра во НБА лигата, во текот на изминатата ноќ. Тимбервулфс ја прекинаа серијата од шест победи во која се наоѓаа кошаркарите на Портланд и внесоа дополнителна незивесност во борбата за осмата позиција на Западот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минесота славеше над Портланд 110:109, а решавачките поени на натпреварот ги постигна Карл-Ентони Таунс на 35 секунди до крајот на мечот, кога погоди за 110:106. Последниот напад го имаше Портланд, но демијан Лилард не успеа да погоди тројка во последната секунда.

Минесота нема никакви шанси за пласман во плејофот, додека Портланд во последните натпревари ќе види голема борба со Денвер за пласман на осмата позиција во Западната конференција.

Портланд има скор од 38 победи и 39 порази, односно има две победи и натпревар повеќе од Денвер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…