Иако заврши без погодоци, градското дерби помеѓу Милан и Интер и тоа како беше интересно.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во првите 45 минути Интер беше нешто поконкретен ривал имаа неколку шанси повеќе од Милан, а најголемата шанса ја имаше Леонардо Бонучи кој шутираше со глава, но Хандановиќ со неверојатна интервенција го одбрани неговиот удар.
Вториот дел донесе уште повеќе возбудувања, Перишиќ ја погоди пречката, Кеси имаше шанса за Милан, се обиде и Кутроне. Во периодот кога Милан беше повеќе опасен го видовме и неверојатното промашување на Мауро Икарди.
Донарума имаше добра интервенција после полуконтрата на Перишиќ, а потоа следуваше помирен дел од натпреварот па не видовме погодок. Икарди на оваа средба постигна и погодок на кој се израдува, но истиот неколку моменти подоцна беше поништен од ВАР технологијата.
Во останатите два натпревари Киево и Сасуоло одиграа 1:1, додека Торино со 4:1 го совлада Кротоне.
Во натпреварот кој се одигра нешто порано Беневенто ја победи Верона со 3:0.