Дома Останати Кошарка НБА Видео: Новиот Кливленд одличен, падна и Оклахома

Видео: Новиот Кливленд одличен, падна и Оклахома

Синоќа во НБА лигата се одиграа шест натпревари, а најголемо внимание секако привлече дуелот помеѓу Оклахома и Кливленд, кој им припадн на гостите со резултат 120:112.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оклахома беше подобар ривал само на стартот на натпреварот, а во продолжение Кавси доминираа и сосема заслужено ја однесоа победата. Леброн Џејмс со 37 поени беше лидер на тимот од Охајо, а кај поразената Оклахома, Пол Џорџ запиша 25 поени.

Дури четворица играчи на Оклахома Сити Тандер го завршија натпреварот со повеќе од 20 поени, но одговорот за поразот лежи во фактот што само уште двајца играчи постигнаа поени за Тандер освен овие четворица. Пол Џорџ беше најефикасен, со 24 поени, додека Расел Вестбрук додаде 21 поен и 12 асистенции.

Останати резултати:
Торонто – Мајами Хит 115:112
Милвоки – Атланта 97:92
Минесота – Хјустон 108:126
Далас – Сакраменто 109:114
Денвер – Сан Антонио 117:109

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…