Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс одиграа уште еден импресивен меч, го декласираа Бруклин 127:95 и ја задржаа лидерската позиција во НБА лигата со седмата победа во низа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клиперси против Бруклин ја запишаа десеттата победа во единаесеттиот натпревар од почетокот на сезоната. Тимот на Док Риверс е лидер во НБА првенството. Крис Пол (21 поен, девет асистенции) и Блејк Грифин (20 поени) го предводеа тимот до победата.
Џејмс Харден блескаше против Филаделфија и најави дека ќе им биде сериозен конкурент на Леброн Џејмс, Расел Вестбрук, Ентони Дејвис и Стеф Кари во борба за МВП наградата.
Харден во триумфот на Хјустон 115:88 имаше учинок од 33 поени, десет асистенции и седум скока.
Резултати:
Индијана – Орландо 88-69
Детроит – Оклахома 104-88
Њујорк – Далас 93-77
Хјустон – Филаделфија 115-88
Њу Орлеанс – Бостон 106-105
Сан Антонио – Мајами 94-90
Јута – Мемфис 96-102
ЛА Клиперс – Бруклин 127-95