Навивачите на Наполи скоро три децении чекаат на титулата шампион на Италија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Оваа сезона со екипата на Јувентус овој тим се бори за Скудетото, а с победата минатата недела во Торино, Наполитанците стигнаа на само бод до „старата дама“.
Наполи утре го очекува гостување во Фиренца кај екипата на Фиорентина, а фудбалерите на овој тим денес отпатуваа за Фиренца.
Навивачите на овој тим се потрудија на вистински начин да ги испратат своите миленици. Фудбалерите беа испратени со огномет и знамиња и така сигурно добија дополнителен мотив да дадат се од себе на утрешниот натпревар.