Од осумте натпревари кои се одиграа на НБА терените синоќа најголемо внимание привлече катастрофалниот пораз на Кливленд од Минесота.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Леброн Џејмс ја одигра статистички најлошата партија во неговиот живот, забележувајќи резултат од -39 во +/- статистичката категорија.
Минесота водеше од самиот почеток на натпреварот, на моменти и со +41 и сосема заслужено стигна до големиот триумф. Најефикасен кај „волците“ беше Вигинс со 25 поени, а Батлер застана на 21 поен.
ЛА Клиперс, кој настапи без Теодосиќ и Грифин, на домашен терен славеше минимална победа против Атланта со 108-107, а мечот го реши Џеј Вилијамс со тројка на 9 секунди пред крајот.
Актуелниот шампион, Голден Стејт, на домашен терен славеше победа од 124-114 против тимот на Денвер, за кој одлична партија пружи Србинот Никола Јокиќ кој го запиша првиот „трипл-дабл“ оваа сезона, но беше немоќен пред „воините“. За тимот на Голден Стејт најефикасен беше Стеф Кари со 32 поени.
Резултати:
Индијана – Милвоки 109:96
Бруклин – Торонто 113:114
Чикаго – Хјустон 107:116
Минесота – Кливленд 127:99
Њу Орлеанс – Детроит 112:109
Сакраменто – Сан Антонио 100:107
Голден стејт – Денвер 124:114
ЛА Клиперс – Атланта 108:107