Синоќа се одиграа шест натпревари во НБА лигата и сите поминаа во сенка на неверојатниот Леброн Џејмс, кој повторно ја промени историјата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Леброн Џејмс одигра фантастична партија против тимот на Бруклин Нетс и успеа да му донесе победа на Кавалирси со резултат од 129:123.
Тој запиша „трипл-дал“ учинок со 31 поен, 11 асистенции и 12 скока и одново постигна рекорд, стануваjќи единствениот кошаркар во историјата на НБА лигата со над 30.000 поени, 8.000 скока и 8.000 асистенции. Рекорден број на поени постигна новото засилување Џорџ Хил, кој помогна со 26 поени.
Останати резултати:
Шарлот – Чикаго 118-103
Мајами – Филаделфија 102-101
Милвоки – Вашингтон 104-107
Портланд – Сакраменто 116-99
Денвер – ЛА Клиперс 120-122