Дома Фудбал Англија Видео: Момците на Мурињо повторно се лизнаа!

Видео: Момците на Мурињо повторно се лизнаа!

Манчестер Јунајтед никако да почне да победува во континуитет. Избраниците на Мурињо загубија два бода против Стоук, откако одиграа 1:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првото полувреме помина во доминација на домаќините, но Херера, Ибрахимовиќ и Погба не успеаа да ги искористат шансите.

„Црвените ѓаволи“ конечно постигнаа гол во 69-та минута преку Марсијал, кој влезе во игра само две минути претходно.

Во 82 минута Џо Ален успеа да се најде на вистинското место, да прибере една одбиена топка од пречката и да ја смести во голот за 1-1 за ново разочарување на Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ќе се одложи почетокот на финалето на Светското првенство? Ова би бил сериозен удар за ФИФА

Најдолгото Светско првенство во историјата влегува во самиот финиш. Останаа само уште три …