Дома Фудбал Италија (Видео) Милан покажа моќ, Интер одличен, Спал го запре Лацио!

(Видео) Милан покажа моќ, Интер одличен, Спал го запре Лацио!

Со почеток во 20:45 во италијанската Серија А се одиграа седум натпревари, а секако најголемо внимание привлекуваа натпреварите на клубовите од Милано.

Иако играше против Кротоне, Милан покажа моќ, три гола за едно полувреме, посебно во италијанската лига воопшто не е мала работа.  Работата на фаворитот во овој натпревар беше значително олеснета кога Чечерини заработи црвен картон уште во петата минута од средбата, а само една минута подоцна Кеси реализираше удар од белата точка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За нов погодок не се чекаше долго, одличните насапи во подготвителниот период Кутроне ги пренесе и во овој натпревар во 18 минута од натпреварот тој беше стрелецот за 2:0. До крајот на полувремето Кутроне запиша и асистенција при погодокот на Сусо во 24 минута од средбата. Во вториот дел „росонерите“ како да застанаа и се одлучија ги чуваат силите за следните предизвици, па до крајот на средбата резултатот не се менуваше.

 

Градскиот ривал на „росонерите“ екипата на Интер исто така одигра одличен натпревар и на домашен терен запиша победа од 3:0. 

Слично како и Милан, „нероаѕурите“ до предност стигнаа од пенал, интересно дури и во истата минута со градскиот ривал. Реализатор на најстрогата казна беше најдобриот фудбалер на Интер, Мауро Икарди. Само осум минути подоцна, Аргентинецо зголеми на 2:0 и покажа зошто беше еден од најбараните фудбалери ова лето.

За разлика од Кротоне, Фиоентина беше достоен противник и во второто полувреме создаваше прилики за погодокот, но не успеа ниту една да искористи. Во вториот дел „нероаѕурите“ успеаа да ја „умртват“, а се играше 79 минута од средбата кога Иван Перишиќ после еден центар шут од десната страна ги постави конечните 3:0.

 

 

Eкипата на Лацио која на одличен начин влезе во сезоната, со победа над шампионот Јувентус во италијанскиот Суперкуп од 2:3, во првиот натпревар во Серија А одигра само 0:0 против новајлијата во најсилната италијанска лига, Спал.

Во останатите натпревари Болоња ремизираше против Торино 1:1, Сампдорија славеше над Беневенто со 2:1, Киево му нанесе домашен пораз на Удинезе од 1:2, додека Сасуоло и Џенова одиграа без голови 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Човекот кој во Челзи помина 27 години доживотно суспендиран од фудбалот

Тренерот кој 27 години помина во Челзи на различни позиции, Гвин Вилијамс никогаш повеќе н…