Дома Останати Кошарка Видео: Лејкерси како некогаш, ГС го декласира Денвер!

Видео: Лејкерси како некогаш, ГС го декласира Денвер!

Триумфот на Лејекрси над Сакраменто и победата на Чикаго со Двејн Вејд над Мајами 98-95, ја обележаа ноќта во НБА.

Чикаго славеше против Мајами 98-95, а во центарот на вниманието беше Двејн Вејд кој летово од Мајми се пресели во Чикаго.

Вејд мечот го заврши со 13 поени, 7 скока и 4 асистенции. Чикаго го предводеа Џими Батлер со 20 поени, односни Режон Рондо со 16 поени и 12 асистенции. Хасан Вајтсајд беше центрлан афигура кај Мајами со двоен ефект од 20 поени и исто толку скокови.

Голден Стејт го декласира Денвер, а актуелниот вицепрвак победата ја обезбеди по првата четвртина кога стекна предност од 19 поени. Стеф Кари го предводеше тимот со 33 поени, 5 скока и 7 асистенции, Клеј Томпсон постигна 19 поени, а Кевин Дурент 18, на кои придодаде 9 скока и 5 асистенции.

ЛА Лејкерс против Сакраменто ја запишаа петтата победа во деветтиот меч. „Езерџиите“ предводени од Лу Вилијамс (21 поен) славеа со 101-91.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер го „продаде“ Јокиќ, Србин оди кај Дончиќ во Лејкерс?

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да му се придружи на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Ле…