Дома Фудбал Видео: Коста е фудбалерот кој требало да биде исклучен, а не Буфон?!

Видео: Коста е фудбалерот кој требало да биде исклучен, а не Буфон?!

Џанлуиџи Буфон во вчерашниот натпревар најверојатно се прости од Лигата на шампионите и тоа на не баш славен начин. Имено, легендарниот голман на „старата дама“ беше исклучен во судиското продолжение.

Јувентус успеа да го анулира заостанувањето од три погодоци на „Сантијаго Бернабеу“, но со голот од пенал во финишот Роналдо на „кралевите“ им обезбеди полуфинале.

Кога судијата Мајкл Оливер покажа на белата точка следуваа бурни протести од страна на фудбалерите на Јувентус, на чело со искусниот Буфон.

Оливер многу брзо му покажа црвен картон на голманот на „старата дама“. Сепак, не е јасно дали поради приговор или имаше нешто повеќе.

Поединци забележаа еден детал кој би можел да ја реши оваа „мистерија“. Имено, кога фудбалерите на Јувентус го опколија Оливер, Даглас Коста изгледа беше фудбалерот кој го турна, иако не може со сигурност да се тврди, многу веројатно е да главниот арбитар да мислел дека тоа го направил Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…