Дома Останати Кошарка НБА Видео: Кливленд не запира, „Воините“ го загубија Кари

Видео: Кливленд не запира, „Воините“ го загубија Кари

Синоќа имаше богата програма во НБА лигата, а ноќта ја одбележаа големиот пресврт на Голден Стејт, повредата на Стеф Кари и 12-та победа по ред на Кливленд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голден Стејт уште една покажа дека никогаш не треба да биде отпишан, шампионот на дуелот со Њу Орлеанс на полувремето губеше со 21 поени, а на крајот победи со 115-125.

Она што ги загрижува „Воините“ е повредата на Стеф Кари кој го поврди десниот глужд и ја напушти салата со лонгета и патерици. Тој постигна 31 поен за победата на „воините“, Клеј Томпсон помогна со 22 поени, а Кевин Дурант и Дрејмонд Грин додадоа по 19.

По поразот од Хјустон на 9 ноември, Кливленд ја запиша 12-та победа по ред. Пред вицепрвакот овој пат падна Чикаго и тоа пред своја публика со убедливи 113-91. Токму Двејн Вејд поранешниот играч на „Биковите“ беше еден од најефикасните за Кливленд со 24 поени, исто колку што впиша и Кевин Лав, потпомогнати и од Леброн Џејмс со 23 коша, 7 скока и шест успешни додавања.

Останатите резултати:
Индијана – Њујорк 115: 97
Шарлот – Орландо 104: 94
Филаделфија – Феникс 101: 115
Атланта – Бруклин 90: 110
Мемфис – Минесота 95:92
Далас – Денвер 122: 105
Сан Антонио – Детроит 96:93
Јута – Вашингтон 116: 69.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…