Дома Фудбал Видео: Децата на Ајакс му одржаа лекција на Лион!

Видео: Децата на Ајакс му одржаа лекција на Лион!

Екипата на Ајакс синоќа постигна убедлива победа на првиот полуфинален дуел од Лига Европа откако на домашен терен со 4:1 го победи Олимпик Лион.

Ајакс по првиот дел водеше со 2:0 со головите на Бертранд Траоре во 25-минута и на Каспер Долберг во 34-минута.

На почетокот на вториот дел Амин Јунес зголеми на 3:0 во 49-минута, а потоа Олимпик преку Матју Валбуена намали на 3:1 во 66-минута.

Конечните 4:1 ги постави Траоре со својот втор гол на дуелот во 71-минута.

Во второто полуфинале утре ќе играат Селта и Манчестер Јунајтед, додека реванш полуфиналните дуели ќе се одиграат на 11 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…