Дома Фудбал Англија Видео: „Граѓаните“ се прошетаа низ Лондон, Арсенал продолжува да тоне

Видео: „Граѓаните“ се прошетаа низ Лондон, Арсенал продолжува да тоне

Манчестер Сити полесно од очекувањата го победи Арсенал на гостувањето на „Емирати“(0:3) и ги турна „топџиите“ во уште поголема криза.

Сити го реши натпреварот во првото полувреме, а херој за „граѓаните“ беше фантастичниот Кевин де Брујн.

Арсенал издржа само две минути против актуелниот шампион, кога после една фантастична акција Жесус му асистираше на Де Брујн. „Граѓаните“ продолжија да го контролираат мечот и да создаваат шанси, па во 15-та минута Стерлинг зголеми на 2:0.

Де Брујн одличната партија ја круниса со уште еден гол од работ на шеснаесетникот за 3:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тотенхем размислува за ангажман на Мауро Икарди

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди би можел да биде новото решение за нападот на Тотенхем,…