Манчестер Сити синоќа во рамките на 3. коло од Лигата на Шампионите ја совлада Аталанта со 5:1.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Граѓаните“ стигнаа и до третата победа во ова натпреварување, иако гостите поведоја во 28. минута. Сепак, Сити со двата гола на Агуеро во 34. и 38. минута стигна до пресврт, а Стерлинг во продолжението постигна хет-трик за убедлива победа на својот тим.
Гвардиола можеше да биде среќен поради резултатот, но поради една ситуација во првото полувреме ги загуби живците. Имено, во 40. минута Родри се повреди и мораше да си оди надвор од теренот, а Стонс требаше да влезе во игра и да го замени. Меѓутоа, Стонс не беше спремен да влезе, а тоа го налути Гвардиола.
#ManCity #ucl #pep #guardiola #stones pic.twitter.com/2lmH6MpBmx
— Dutch Judas (@Judas3rd) October 23, 2019