Дома Фудбал Италија Видео: „Волчицата“ го освои Неапол!

Видео: „Волчицата“ го освои Неапол!

Екипта на Рома оствари голема победа на гостувањето во Неапол и му фрли ракавица на Јувентус во борбата за титулата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Од самиот почеток дуелот доби високо темпо, со по неколку шанси за гол на двете страни, но и двете екипи имаа проблеми во завршницата. Така беше се до 43 минута, кога Един Џеко го искористи прекрасното додавање на Мохамед Салах по грешката на Кулибали и донесе водство од 0-1 за Рома.

Во 54 минута, Џеко одново го матираше голманот на Наполи. По една нафрлена топка од прекин, Босанецот само се поклони на подалечната статива за водство на Рома од 0-2.

Пет минути подоцна Кулибали намали на 1-2 и ја врати надежта кај домаќините за добар резултат. Сепак, Салах во 85 минута по една брза контра ги реши сите дилеми и ги постави конечните 1-3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…