Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Валенсија конечно победи, Рома триумфално низ Москва

Видео: Валенсија конечно победи, Рома триумфално низ Москва

Фудбалерите на Рома остварија важна победа на гостувањето во Москва и сега е со една нога во следната фаза. Валенсија ја запиша првата победа оваа сезона во ЛШ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рома поведе на самиот старт преку Манолас, но домаќините израмнија во 50-та минута, а само неколку минути подоцна останаа со играч помалку.

Во 59-та минута „волчицата“ повторно дојде до водство преку Пелегрини, но голот дојде од многу сомнителна ситуација, бидејќи домаќините бараа офсајд.

Валенсија ја запиша првата победа на крилата на Санти Мина и Солер. Поведоа „лилјаците“ преку Мина уште во 14-та минута, но Јанг Бојс успеа да се врати во мечот преку Асал.

До крајот на полувремето Мина со втор гол им донесе водство на домаќините. Солер во второто полувреме погоди за 3:1 и многу важна победа на Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Поради одлуката на Флорентино Перез, Мурињо сега чини 15.000.000 евра

Можното враќање на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид може да го чини шпанскиот клуб до…