Дома Останати Кошарка НБА Видео: Батлер ги сруши Лејкерси, нов трипл-дабил на Вестбрук!

Видео: Батлер ги сруши Лејкерси, нов трипл-дабил на Вестбрук!

Денвер, Портланд, Чикаго, Сакраменто и Индијана забележаа победи во НБА лигата, во натпреварите кои се одиграа изминатата ноќ. Индивидуално белснаа Џими Батлер од Чикаго и Расел Вестбрук од Оклахома кој го забележа петтиот трипл дабл во сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Чикаго Булс славеше над ЛА Лејкерс 118:110, најмногу поради партијата во стилот на Мајкл Џордан, која ја пружи Џими Батлер. Крлиниот играч на Булс натпреварот го заврши со 40 поени, седум скока и шест асистенции.

Расел Вестбрук оствари нов трипл дабал, но тоа не беше доволно Оклахома да слави против Индијана. Оклахома загуби по продолжението 111:115, а Вестбрук имаше учинок од 31 поен, 11 скокови и 15 асистенции. Индијана ја предводеше Џеф Тиг со 30 поени, пет скока и девет асистенции. Поранешниот играч на Атланта осум од своите 30 поени постигна во продолжението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…