Дома Фудбал (Видео) Барди погоди во градското дерби, Леванте и Валенсија ремизираа

(Видео) Барди погоди во градското дерби, Леванте и Валенсија ремизираа

Со почеток од 13:00 часот во Шпанија се одигра градското дерби помеѓу Леванте и Валенсија кое заврши без победник 1:1, а стрелец на голот за тимот на Леванте беше Македонецот Енис Барди.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После ова реми и двата тима од Валенсија остануваа непоразени после четири натпревари во Примера. Валенсија поведе преку Родриго во 31 минута од средбата, за Барди со одличен погодок десет минути подоцна да изедначи на 1:1.

На крајот овој резултат се покажа и како конечен. После четвртото коло Леванте и Валенсија се наоѓаат на петото и шестото место со идентичен баланс од една победа и три нерешени средби.

Во следното коло Барди со Леванте на свој терен ќе игра против Реал Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како група момци од 200 милиони евра направија потрес во Серија А

Клубот Комо е основан на 25 мај 1907 година, а 117 години подоцна, на 24 мај 2026, го пост…