Атлетико Мадрид успеа да ја победи Валенсија со 2:0, иако голманот на домаќините Диего Алвеш им одбрани два пенали.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Диео Алвеш блескаше на голот на Валенсија, во првото полувреме најпрвин ги одбрани ударите на Гризман, Гамеиро и Коке, а потоа и пеналот на Гризман во 43-та минута.
По еден час игра, одличната акција на Караско и Фернандо Торес, чиј удар Алвеш го одбрани, со гол ја заврши Гризман. Неколку минути подоцна Сантос го фаулираше Гризман, Атлетико доби уште еден пенал, а Алвеш го одбрани ударот на Габи.
Во финишот Мангала имаше чиста шанса за 1-1, но Облак го одбрани неговиот удар, а во 92-та минута Гамеиро по извореден соло пробив ги постави конечните 0-2.